Тројцата кинески астронаути денеска успешно се вратија на Земјата по шестмесечна мисија на вселенската станица Тијангонг, соопшти Кинеската вселенска агенција.
![](/uploads/12 - Copy 66.jpg)
Екипажот, кој од почетокот на јуни беше на кинеската вселенска станица, се приземји во базата Донгфенг во Внатрешна Монголија, во северна Кина во 20:09 часот по пекиншко време, информираше вселенската агенција.
Според медицинскиот персонал, тројцата астронаути меѓу кои е и една жена се чувствуваат добро. Тројцата астронаути од мисијата Шензоу-14, командантот Чен Донг, првата кинеска астронаутка Лиу Јанг и Каи Ксуже, биле задолжени за надзор на последната фаза од вселенската станица што треба да биде круната на амбициозната кинеска вселенска програма.