(Фото) Ешли Греам во провокативна комбинација

Ешли Греам често е мета на навреди поради килограмите, но не и пречи тоа премногу, бидејќи смета дека жените треба да го прифатат својот изглед, таков каков што е.

Популарнаta манекенка се залага за природен изглед, а на своите фотографии често ги истакнува целулитот и стриите, како и салото на стомакот.

Овој пат Ешли облекла светло розев металик сатенски фустан со голем шлиц на страна, додека на стапалата облекла сандали со отворени потпетици. Фустанот го носеше на голо тело, овој стајлинг го спои со белa бунда, што повторно привлече големо внимание на нејзините облини кои гордо ги шеташе.

Никогаш не и било важно што има речиси 100 килограми и често истакнувала дека се гордее со своите облини.

-Луѓето често ме прашуваат како успевам да пукам од самодоверба и да коментирам за мојот стил на облекување. Само затоа што носам големина 16 (американска големина), тежам повеќе од 90 килограми и снимам кампањи за долна облека, не значи дека сакам постојано да разговарам за тоа што е потребно за да имам толкава самодоверба, рече таа.

Коментари

Популарно