Лепа Лукиќ: Не сум во години сега да имам швалери

Пејачката Лепа Лукиќ од неодамна откри дека припадниците на посилниот пол се` уште и` приоѓаат на улица.

Меѓутоа, во емисијата „Магазин ин“ призна дека нема емотивен партнер и дека е во години кога тоа не се смета за пристојно.

„Немам никој, фала Богу, што било, било. Не можам во илјада години да имам партнери. Јас сакам да се дотерам, да ми даваат коментари, но гледам преку нив, не сум во години сега да имам швалери“, истакна пејачката.

Коментари

Популарно