НЕВЕРОЈАТНО: На овој ГОЛФ ништо не му можат ни куршуми!

Добро познатите возила „Volkswagen Golf“ важат за исклучително издржливи возила, но она што е новитет на пазарот за автомобили ретко кој би го очекувал. Станува збор за нов производ на компанијата Armorax“ од Јужноафриканската република.

Преработениот „Golf“ може да издржи напади од повеќето пешадиски вооружувања кои најчесто се користат во текот на напади и обиди за киднапирање. Станува збор за степен на заштита „B4“, кој дава основна заштита од пиштол и пушка.

Овој Golf“ по преработката тежи само околу 180 килограми повеќе, па нема последици по прашањето за перформансите, а не се потребни ни модификации на суспензијата и сопирачките. Најдобро од се е тоа што автомобилот изгледа како обичен „Golf“ без оклоп и како таков не се истакнува на патот.

Коментари

Популарно