(Видео) Сељачизам и ренесанса, Скопјани и провинцијалци, Аца Лукас и Ајрон Мејдн

Последната епизода на “Нешто конкретно“ на тема Сељачизам предизвика бурни реакции и контра ставови не само кај гостите туку и на социјалните мрежи.

Додека едни го бранеа ставот не е важно од каде си туку што си, другите дебатираа дека не е важно кој си туку што слушаш, па така уште еднаш сезонава Турбофолкот се најде како појдовна точка за која гостите се држеа дека прави деградирање на општеството во целост.

Дел од изјавите кои предизвикаа внимание се :

Јоце Панов: Што значи да си скопјанец? Доволно ли е само да се родиш во Скопје? Јас не познавам човек што има дедо од Скопје.

Бобан Милошевски: Аца Лукас е господин за денешнава багра!

Пеце - Суперхикс: Нема цена што ќе ме натера да пеам таква музика, не го оправдувам пеењето турбо-фолк затоа што таму се парите.

Гледајте ја целата епизода тука:

Коментари

Популарно