Бананите го намалуваат крвниот притисок, го подобруваат расположението...

Бананите содржат идеален спој на јаглехидрати и минерали како калиум и магнезиум, но и покрај тоа често завршуваат во отпад штом ќе се појават првите кафеави дамки.

Според едно јапонско истражување, тоа е голема грешка која луѓето често ја прават. Дамките не значат дека бананите се лоши - напротив! Зрелите банани содржат материи кои можат да спречат појава на канцерогени заболувања, а постојат уште причини поради кои е добро да јадете презрели банани бидејќи тие влијаат многу позитивно на организмот.

Спречуваат појава на жиговина

Зрелите банани делуваат како лесен антацид. Тие ги неутрализираат киселините и ги опуштаат органите за варење. Една банана по обилен оброк може да спречи тегоби како жиговина и надуеност.

Го подобруваат расположението

Бананите со дамки содржат мали количини на аминокиселината наречена триптофан. Имено, триптофанот го подобрува расположението и го олеснува заспивањето. Покрај тоа, бананите содржат витамин Б и анти-стрес минерали како магнезиум и калиум кои се заслужни за доброто функционирање на нервниот систем.

Го намалуваат крвниот притисок

Пациентите со висок крвен притисок треба да консумираат што е можно помалку натриум бидејќи намирниците богати со овој минерал ги зголемуваат вредностите на крвниот притисок. Наместо тоа, треба да јадат храна богата со калиум - како што се презрелите банани - за да се нормализира нивото на притисок.

Даваат енергија

Бананите многу брзо заситуваат. Тие содржат растителен скроб - кој брзо нѝ дава енергија (затоа спортистите често јадат банани за брзо закрепнување). Физичката издржливост се зголемува со дејството на гликемиските јаглехидрати, минералите и витамините од бананите. Калиумот дополнително штити од грчеви во мускулите, а магнезиумот влијае на функциите на мозокот, го олеснува учењето и ја подобрува концентрацијата.

Го зголемуваат нивото на железо

Железото е еден од составните делови на нашите црвени крвни зрнца кои се заслужни за протокот на хранливи материи и кислород во телото. Бананите со кафеави дамки се богати со железо и се многу добри против анемија.

Коментари

Популарно