Знаци дека во врската се однесувате како мајка, а не како партнер

Повеќето парови се обидуваат да ја направат врската еднакво партнерство. Желбата да се грижиме за другата половина е сосема природна, но има тенка линија помеѓу грижата за партнерот и она што изгледа како грижа за дете. Затоа, ви пренесуваме пет знаци кои укажуваат дека во врската повеќе се однесувате како родител, а помалку како партнер.

1. Расправија без решение

Расправиите и дискусиите се составен дел од секоја врска, но важно е успешно да ги решите. Ако завршат нерешени, ќе почувствувате само гнев и бес. Само запомнете какви биле вашите расправии со родителите кога сте биле деца. Расправиите со партнерот треба да бидат токму спротивното бидејќи улогите ви се еднакви.

2. Чистење по партнерот

Навистина нема смисла да ги следите стапките на партнерот и да чистите по него. Без разлика дали станува збор за трошки од храна или купишта облека на подот, вашиот партнер треба да биде свесен дека тој е тој што треба да се исчисти по себе. За посреќна врска, доволно е подеднакво да ги делите домашните задачи.

3. Барање изговори

Нормално е да сакате да го видите партнерот во најдобро светло и да одбраните некои негови одлуки. Но, постојаната потреба да барате изговори и да го оправдувате лошото однесување кое трае подолго време, нема да ја направи вашата врска поуспешна. Нема потреба од мајчинска заштита, но поттикнете го партнерот да ја прифати одговорноста за своето однесување.

4. Целосна контрола

Некои луѓе едноставно имаат карактер кој е контролирачки. Но, ако го контролирате секој аспект од врската затоа што не му верувате на партнерот, тогаш се појавува проблем. Важно е и двајцата партнери да ја разберат состојбата на врската и да сакаат да се променат бидејќи ако не му дозволите на партнерот да донесе некои одлуки, тоа може многу лошо да влијае на вашата врска и вашата иднина.

5. Постојано жалење

Никој не сака нон-стоп жалење, особено не личноста која мора постојано да го слуша. Можеби изгледа како единствен начин да дојдете до партнер кој се однесува на дете, но конструктивен разговор меѓу двајца возрасни е многу возможен ако и двајцата вложите труд.

Коментари

Популарно