Кои сигнали ни ги испраќа телото кога личноста која ја сакаме не е вистинската за нас?

Сè што мислиме и чувствуваме е преведено на говорот на телото. Тоа е нешто што не можеме да го контролираме.

Кога нешто ќе тргне наопаку, го чувствуваме. Еден од главните симптоми кога нешто не е во ред е анксиозноста. Личноста која доживува силен стрес можеби нема да го разбере, но затоа ќе доживее напади на паника и отежнато дишење.

Ова е само еден во низата докази дека нашата ментална состојба влијае на нашето тело. Се чувствува многу, дури и пред да бидеме свесни за тоа.

Еве кои сигнали ни ги испраќа телото кога саканата личност не е соодветна за нас:

1. Поретко се насмевнувате

Кога сме сами, стануваме искрени за нашите чувства. Ако секогаш кога ќе помислите на партнерот, насмевката исчезнува од вашето лице, тоа укажува дека вашата врска со него не ви носи радост, дека не сте среќни.

2. Ја изгубивте самодовербата

Вистинскиот маж ни дава позитивни емоции и ни ја зголемува самодовербата. Но, ако постојано се сомневате во себе, се преиспитувате, размислувате дали сте направиле нешто како што треба, а притоа полека ви паѓа самодовербата, најверојатно сте со погрешен партнер кој не влијае позитивно на вас.

3. Се чувствувате емоционално и психички исцрпени

Запомнете како се однесува заљубената личност. Изгледа дека може се, како да не може да ѝ застане никаква пречка на патот. Тоа е затоа што вистинскиот партнер ни дава сила и енергија, мотивација. Меѓутоа, ако најчесто се чувствувате исцрпено, тоа сугерира дека овој маж не е вистинскиот за вас.

4. Ги игнорирате сопствените потреби

Дури и ако сте во врска со некого, тоа не значи дека треба да заборавите на односот со себе. Ако секогаш го ставате на прво место, секогаш се снаоѓате според неговото време и потреби, тоа укажува дека се запоставувате себеси во таа врска.

5. Го изгубивте интересот за она што порано го сакавте

Кога сте среќни во врска, продолжувате да го живеете животот како кога сте биле сингл – да го правите она што го сакате, да се дружите со драги луѓе, да имате свои интереси… Не престанувате да живеете како што живеевте само за да ги задоволите потребите на вашиот партнер. Во спротивно, ако повеќе не го работите она што го сакате, ако сте се оддалечиле од драги луѓе, тоа е јасен сигнал дека оваа врска само негативно се одразува на вас и вашето однесување.

6. Не спиете добро

Причините за лош сон може да ги има многу, покрај преголемиот замор и стрес, а една од нив е погрешниот избор на партнер.За некој добро да спие мора да биде мирен, опуштен, без многу грижи и проблеми кои им дишат во вратот. Доколку не можете мирно и цврсто да спиете покрај партнерот, време е да се запрашате дали сте со вистинскиот. Ако вашето тело не може да се опушти покрај него, тоа кажува многу.

Коментари

Популарно