Оваа козметика треба да ја чувате во фрижидер

На многумина ќе им изгледа чудно да чувате парфеми, креми, маски за лице и гелови во фрижидерот на полицата до јајцата, тубата кечап или сенфот, но тоа е најдоброто нешто што можете да го направите и да не се грижите дали вашата козметика ќе трае подолго.

На овој начин го продолжувате рокот на траење на препаратите, а од друга страна тие секогаш ќе бидат ладни и уште повеќе ќе ве освежат.

Еве која козметика треба да ја чувате во фрижидер:

Органските препарати за нега на кожата и производите со витамин Ц. Витаминските и природните производи содржат помалку конзерванси, па затоа е подобро да ги чувате на студено бидејќи ќе ги задржат своите активни својства подолго.

Долготрајни моливи за очи, бидејќи имаат повеќе испарливи состојки кои можат побрзо да исчезнат на жештината, па затоа е подобро да им го продолжите животот на овој начин.

Масла за лице, бидејќи есенцијалните масла што ги содржат може да го изгубат квалитетот со текот на времето доколку се чуваат на погрешен начин. Ако маслото е во фрижидер, долго ќе ја задржи свежината.

Спреј за стапала, бидејќи многу подобро делува кога разладен ќе го испрскате на уморните нозе.

Креми за очи, гелови и маски, бидејќи ефикасно и брзо го намалуваат отокот на лицето и очните капаци, што е главен естетски проблем денес.

Коментари

Популарно