Интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава со фудбал. Има играно во три фудбалски клубови: ЖФК Пелистер, ЖФК Топ Гол и ЖФК Конзули, а воедно потекнува и од фудбалско семејство.

Татко ѝ бил фудбалски судија кој 20 години судел на фудбалските натпревари во македонските лиги, па од тука, Ангела, ја наследила љубовта кон фудбалот.

Освен што е активна на фудбалската сцена, работи во туристичката агенција „ЈК Травел”, но и ги привршува и додипломските студии на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола. Ангела слободното време сака да го користи спортувајќи, а од голема важност за неа е и фитнесот.

ФИФА пред 3 месеци ја одобри листата на македонски судии за 2023 години, а на неа се најде и Ангела како женски судија асистент.

Во нашиот разговор, Ангела, освен што ни открива детали за својата нова функција како ФИФА судија, таа зборува и за љубовта кон фудбалот, пасијата да чекори по овој пат, за македонската фудбалска сцена, одржувањето на кондицијата, прифатеноста на женските фудбалски судии во Македонија и светот, како и за процесот на донесување одлуки на еден фудбалски натпревар.

Читај бе: Ангела, може ли да ни кажеш најнапред кога започна да играш фудбал?

Ангела: Имав околу 8-9 години кога прв пат почнав да гледам фудбал на телевизија, станав толку многу заинтересирана за тој спорт, така што се решив да започнам да тренирам фудбал на 10 години. Моите почетоци беа во ЖФК Пелистер, кој беше единствен женски клуб во Битола, во тоа време. Неколку години играв во ЖФК Топ Гол и краток период во ЖФК Конзули. Важен фактор за мене беше несебичната поддршка која ја добивав од моите родители, како женско да влезам во тој „машки спорт”, следејќи ме на тренинзите и натпреварите.

Останатиот дел од интервјуто прочитајте го на Читај.бе

Коментари

Популарно