(Видео) Јутјубер уништил авион заради „слава“

Јутјубер кој намерно уништил авион заради внимание и повеќе интернет-прегледи, ќе се изјасни виновен за попречување на федералната истрага, со тоа што чистел на местото на несреќата, соопштија американските обвинители.

Тревор Џејкоб (29) во ноември 2021 година, полетал од Санта Барбара, Калифорнија, САД, опремен со камери поставени на авионот, падобран и селфи-држач. Јутјуберот е пилот и падобранец. Спорната видеоснимка од авионскиот судир ја објави на „Јутјуб“ во декември 2021 година, и таа собра повеќе од 2,9 милиони прегледи. Леталото паднало во Националниот парк Лос Падрес 35 минути по полетувањето.

Како дел од договорот за признавање на вината, тој призна и дека го направил видеото како дел од договор за спонзорство и реклама на производ. Тој сега се соочува со затворска казна до 20 години.

„Тој немал намера да стигне до својата дестинација, туку планирал да скокне од авионот во лет и да се сними како се спушта на земја со падобран додека неговиот авион се урива“, соопшти Обвинителството.

Џејкоб ќе се појави на суд наредниве недели. Нему лани му е одземена и пилотската дозвола. 

Коментари

Популарно