Мајкл Џ. Фокс не сака да глуми во обновената верзија на „Враќање во иднината“

Тој смета дека римејкот би бил непотребен и излишен. „Мислите дека можете да ја раскажете приказната на подобар начин? Се сомневам во тоа“, изјави тој. „Јас не сум фанатик. Правете што сакате, тоа е ваш филм. Јас веќе ја добив платата.“

Фокс исто така изјави дека режисерот и сценарист Роберт Земекис и сценаристот Боб Гејл веројатно не сакаат да работат на римејк бидејќи приказната е веќе целосно раскажана.

Ко-ѕвездата на „Фокс“, Кристофер Лојд е малку поотворен за тоа. Иако не спомна римејк, рече дека би сакал да работи на продолжение на трилогијата, но само во случај некој да напише одлично сценарио кое има смисла.

Една од причините зошто Лојд нема проблем да работи на продолжението е фактот што има многу добра хемија со Фокс. „Никогаш не се борев со Мајкл. Немаше никакви конфликти. Само си одговаравме еден на друг. И тоа никогаш не престана. Верувам дека после сите овие години би можеле да ги повториме улогите и не мора ни да размислуваме за врската помеѓу Марти и Док. “, рече актерот.

Веројатно наскоро нема да го видиме „Враќањето во иднината“ на големото платно, но во моментов на Бродвеј се продуцира мјузикл базиран на истоимениот филм. Фокс рече дека нема да го видиме на сцената, но дефинитивно ќе дојде и ќе го поддржи настапот.

Коментари

Популарно