Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот, призна една од најпознатите водителки во Македонија, Лила Стојановска на социјалната мрежа Фејсбук.
![](/uploads/IMG_9720.jpg)
„И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот! Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив! Сега година подоцна се обидувам да си ги исполнам сите желби и кеифови без заддршка ! Па џабе живееш ако не уживаш во животот! А и полесно е кога имам неколку ама вистински пријатели. Патувањата се мојата пасија. На здравје другари , за животот, за љубовта за нас“, напиша Лила на социјалната мрежа ФБ, објавувајќи фотографии како ужива во Бодрум.
![](/uploads/IMG_9721.jpg)