(Фото) Крстиња гордо позира во бикини

Сезоната на бикини полека започнува, а Крстиња Матановиќ меѓу првите го покажа своето прекрасно тело.

Поранешната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“ првите топли денови пред доаѓањето на летото ги дочека на црногорското приморје уживајќи на луксузна плажа.

Иако порано избегнуваше да се шета во бикини, Крстиња сега ги има сите причини да го прави тоа со голема гордост.

Матановиќ позираше во црн костим за капење додека се сонча и ужива, а тој момент го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Крстиња најпрво се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ тешка дури 160 килограми, а набргу потоа реши да направи трансформација за која се зборува и денес.

Имено, откако симна голем број килограми, пејачката направи операција за намалување на желудникот и отстранување на вишокот кожа.

Тешкиот период го остави зад себе, а денес е повеќе од задоволна од својата фигура, за што многумина и честитаат.

Коментари

Популарно