Погледнете кое е вистинското име на пејачот

Често се случува да ги знаеме само уметнички имиња на јавните личности, па некогаш ни е чудно кога ќе ги дознаеме нивните вистински имиња.

Пејачот кој сите го знаеме како Миле Китиќ, всушност не се вика Миле.

-Моите родители сакаа да имам традиционално име. Моето вистинско име е Милојко, изјави тој во една телевизиска емисија и ги изненади сите.

Да потсетиме, пејачот неодамна зборуваше за своето воспитување и сиромаштијата во која живеел.

-Спиевме во куќа каде гореше само една печка, другите соби беа ладни, без греење. Спиев на места каде што има влага, на мувлосан душек. Немавме ниту добра облека, ниту чевли, но бевме здрави. Затоа сега сум здрав, вели Китиќ.

Коментари

Популарно