Вештачката интелигенција би можела да доведе до изумирање на човештвото

Вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото, предупредија експерти, вклучително и директорите на истражувачките лаборатории за вештачка интелигенција „ОпенАИ“ (OpenAI) и „Гугл дипмајнд“ (Google Deepmind), додека десетици други ја поддржаа изјавата објавена на веб-страницата на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.

Во изјавата се наведува дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите општествени ризици како што се пандемиите и нуклеарната војна. Додека други експерти тврдат дека стравовите се претерани.

Таа изјава беше поддржана од извршните директори на производителот на „ЧетГПТ ОпенАИ“, Сем Алтман, на „Гугл Дипмајнд“, Демис Хашабис и на „Антропик“ (Antropic), Дарио Амодеи.

Додека за професорот од Њујоршкиот универзитет Ијан ЛеКун, кој заедно со Хинтон Бенџо важат за „кумови на вештачката интелигенција“, таквите апокалиптични предупредувања се претерани.

Многу други експерти на сличен начин веруваат дека стравувањата дека вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото се нереални и го одвлекуваат вниманието од прашања како што е пристрасноста во системите, кои веќе се проблем.

Компјутерски научник од Универзитетот Принстон, Арвинд Нарајанан претходно изјави дека сценаријата за катастрофа слични на научна фантастика се нереални.

– Сегашната вештачка интелигенција не е ниту блиску до доволно способна да ги материјализира овие ризици. Како резултат на тоа, се свртува внимаието од краткорочните штети од вештачката интелигенција, посочи Нарајанан.

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година, кога експерти, вклучително и директорот на Тесла, Илон Маск, потпишаа отворено писмо со кое повикува на запирање на развојот на следната генерација на технологија за вештачка интелигенција.

Во писмото се прашува дали треба да „развиваме нечовечки умови, кои на крајот би можеле да нè надмудрат и да не заменат“.

Коментари

Популарно