Еден постар Индијанец на својот внук му ја раскажал следнава приказна:
-Во луѓето се одвива непрекината борба. Тука секогаш се борат два волци. Еден е лош – тој е стравот, гневот, зависта, каењето, огоченоста, лагите… Другиот е добар – тој е радоста, мирот, љубовта, надежта, добрината, сочувството, великодушноста, вистината, раскажал старецот.
-Кој волк победува, дедо? – го прашал внукот на крајот.
– Оној кој повеќе го храниш, одговорил стариот Индијанец.