Домашен лек - метод кој го регулира холестеролот за 40 дена

Зголеменото ниво на холестерол мачи се поголем број луѓе, а доколку не се регулира може да доведе до низа компликации.

Лековите треба да бидат последно средство. Пред тоа, препорачливо е да се обидете природно да го регулирате нивото на холестерол.

Народната медицина изобилува со рецепти кои можат да помогнат во решавањето на овој проблем, а најмоќната комбинација која ги ослободува крвните садови од маснотиите е секако лимон и лук.

Познато е дека и лимонот, и лукот имаат бројни лековити својства. Тие се сметаат за одлични средства за чистење на крвните садови, намалување на нивото на холестерол, зајакнување на ѕидовите на крвните садови и намалување на ризикот од опасни болести како што е атеросклероза.

Пијалакот со лимон и лук е руски рецепт за чистење на крвните садови кој со векови се користи во руската народна медицина. Исто така, овој пијалок го спречува создавањето на канцерогени клетки, што повеќепати е потврдено со научни истражувања, поради фактот што лукот содржи големи количини на антиоксиданси.

За да го подготвите овој пијалок ќе ви требаат:

4 чешниња лук

4 средни лимони со кора

3 литри зовриена вода

Подготовка:

Исчистете го лукот, а потоа ситно измелете се заедно со лимонот. Оставете ја водата да зоврие, а потоа намалете го огнот и додајте ги мелениот лук и лимонот, па поклопете го тенџерето.

Варете на тивок оган до 15 минути, не повеќе. Тргнете од оган и оставете да се излади. Истурете и складирајте во покриен стаклен сад.

Употреба:

Земете 1 до 2 лажици од овој пијалок пред секој оброк. Циклусот на лекување трае 40 дена и се препорачува да се спроведува само еднаш годишно.

Забелешка: Пред да користите народни лекови, консултирајте се со лекар.

Коментари

Популарно