Драмски театар за Мето Јовановски: Замина актерот кој творечката енергија ја пренесуваше до последниот свој здив

Драмски театар со жалење ја известува јавноста дека во 77та година од животот почина актерот Мето Јовановски.

-Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата „Што виде собарот“, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26ти октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на „My name is Goran Stefanovski“.

Македонската и регионалната публика останува без актер кој ќе го памети по неговата харизма, а колегите актери по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот свој здив.

Се простуваме од бардот на македонското глумиште и изразуваме сочувство до почитувачите на големиот Мето Јовановски.

Дополнително со семејството ќе известиме за оддржувањето на комеморацијата во Драмски театар Скопје, информираат од Драмски.

Коментари

Популарно