(Фото) А да не претеравте малку - 10ка ќебапи 460 денари

Јасно е дека пазарот ги формира цените, но ова, се чини дека е малку претерано. Сликата ја направил наш читател во трговскиот центар Ист Гејт.

Се чини дека за 10 ка со помфрит и Кока кола 460 денари се многу. Ништо поевтин не е ниту хамбургерот. 380 денари чини еден сендвич со помфрит, плескавица и кајмак.

Коментари

Популарно