„Вања се задушила па станала неупотреблив заложник, закопувањето им било надеж дека никогаш нема да ја најдат“, пишува Ременски

Универзитетската професорка Фросина Ташевска Ременски на друштвените мрежи со едно како што вели таа студентско криминалистичко објаснување на случајот со двојното убиство извршено од Љупчо Палевски Палчо.

Вистинскиот предзнак за убиството на Вања е СВИРЕПОСТ – пукано во задушено дете кое требало да биде заложник во изнуда во договор со “таткото”.

Главното прашање што се проблематизираше денес по прес-конференцијата на ОЈО и МВР беше:

Каква врска има убиството со изнудата од користољубие, зошто би била убиена ако немало барање на пари

Еве едно студентско криминалистичко објаснување зошто.

Грабнување на малолетно лице/дете заради изнуда е скоро исто што и земање/држење заложници за изнуда на корист како терористички елемент.

Ако се точни информациите дека, Вања се задушила во колата со која грабнувачите ја возеле/однеле на локацијата, тогаш пукањето во задушеното дете е ЧИН НА СВИРЕПОСТ познат во правото како најтежок облик на убиство со казна доживотен затвор.

Ако детето Вања била задушена, во планот на монструмите таа станала неупотреблив заложник со кој не можат да изнудат ништо и затоа никој не барал ништо.

Во монструозниот план на убиецот и соизвршителите чекорот што го презеле со закопување на телото на детето им било надеж дека, никогаш никој нема да ја најде и нема да бидат откриени.

Најмонструозниот дел од овој план според сите криминалистички златни прашања е т.н., ТАТКО, но не само заради согласувањето сопственото дете да го даде за заложник и да им дојави за најпогодниот момент за негово грабнување во планот за изнуда што го направил со извршителите, туку заради ФАКТОТ што тој ПРВ ЗНАЕЛ дека неговата ќерка е мртва

ТОЈ ПРВ ЗНАЕЛ дека нема да може да се изврши изнудата, зошто заложникот, детето е мртво, па затоа и немало барање пари и изнуда

ТОЈ ЗНАЕЛ од понеделник – цели 7 дена.

ПО ОВА поставете си го и одговорете си го прашањето КОЈ КРИЕЛ и заради каков “самит” криел

Чија монструозност помеѓу овие монструми е поголема здрав разум тешко може да сфати, но во криминалистиката има градација и реконструкција која ги дава сите одговори.

Во сите криминалистички истраги мора да има повеќе верзии/хипотези за настанот, па така и во оваа.

За да може да се поврзе убиството во Велес од страна на истата група, една од можните верзии би била:

“Дали фризерот го дознал/знаел планот за грабнувањето на детето заради изнуда и во него ја гледале опасноста за нивно откривање, па така станал жртва”

Тешко може да се поверува дека целта била колата, а мотивот – долг од 500 евра.

Кога голем број поддржувачи на Палевски и тој самиот кукаа јавно дека безбедносните служби ги третирале, работеле, дека тие не планирале никакви убиства, експозиви, оружје и сл., туку дека тие биле невидени патриоти под ѕвездата на Вергина, тогаш сите веруваа во некаква “света мисија” на овие монструми од луѓе, па и пари донираа од дијаспората за нивната “мисија”

Очигледно требало да има клиничко посматрање на овие болесници за кои буквата “П” не е Патриотизам, туку Пари и Патолигија

Едно од клучните прашања е дали соодветно и континуирано се следат состојбите кај нас на линија на радикален, профитно ориентиран десен екстремизам кој е предворје на тероризмот.

Ова е прашање за сите институции.

И престанете да се бусате во гради со ѕвездата од Вергина, пароли, знамиња и квазипатриотизам за “никогаш Северна”, зошто овие идиоти им го уништија секаквото значење …, Веќе ќе ви биде срам кога ќе го видите во чии раце било и како зад “Големиот” патриотизам се криела монструозност и Гол Криминал

Коментари

Популарно