Владина делегација предводна од премиерот Димитар Ковачевски положи цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски на платото на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Во состав на делегацијата беа Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда, и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.
Цвеќе пред споменикот положија и делегации од институции, политички партии, здруженија на граѓани, како и претставници од дипломатскиот кор.
Оддавањето почит пред споменикот на светителот му претходи на свечениот настан по повод државниот празник што му е посветен, кој ќе се одржи во библиотеката со обраќање на премиерот Ковачевски.