Предизборни групирања во албанскиот политички блок

Албанскиот политички блок и групирањата таму доминираат на македонската политичка во последните неколку дена. Преку косовските медиуми политичките лидери од овој блок си испраќаат пораки а доминираат темите поврзани со поддршката која опозицијата ја добива од премиерот на Косово. Истовремено, се води активна битка за привлекување на Таравари кон едниот или другиот блок во која опозицијата дури му ја нудела и позицијата на претседателски кандидат. Тој пак, не е заинтересиран да влезе во претседателската трка, а по средбата која со опозиционерите ја имаше во Косово, вчера бил и кај лидерот на СДСМ, екс премиерот Ковачевски.

Во македонскиот политички блок во моментов нема некои значителни турбуленции. И владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ работат на консолидирање на традиционалните коалиции пред да тргнат во договори за нивно проширување.

Коментари

Популарно