Принцот Хари итно отпатува од Америка за Велика Британија за да биде со својот татко.
Бакингемската палата вчера објави соопштение, во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој вид рак боледува кралот.
![](/uploads/IMG_2987.jpg)
Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и својата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста.
Хари, кога дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон.
Како што пренесува „Телеграф“, Хари пристигнал сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл останала со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка.