Тројца тинејџери избодени со нож во Белград, еден итно пренесен во Ургентниот центар

Синоќа околу 21:15 часот во Белград две момчиња на возраст од 14 и 15 години се избодени со нож, додека еден тинејџер (19) се здобил со повреди на главата.

Како што дознава Телеграф.рс, најпрвин дошло до тепачка меѓу неколку лица во која биле употребени стапови и ножеви.

Најтешко повреден е 14-годишникот. Тој се здобил со контузија на мозокот, расекотина на раката и шест убодни рани во пределот на стомакот и две во грбот.

Итно бил пренесен во Ургентниот центар.

19-годишникот се здобил со повреди од удари со палка во пределот на главата. Засега не се познати повредите на 15-годишникот.

Коментари

Популарно