Нема минување граници со стар пасош и дозвола: Граѓани утрово биле враќани од ГП Богородица

На македонско-грчка граница строго се почитуваат правилата со новото уставно име. Се враќаат сите патници кои имаат документи со старото име, поточно со стари пасоши и сообраќајни. Според информации на Прес24, патници со нов пасош, а стара сообраќајна дозвола биле враќани утрово на ГП Богородица.

Меѓутоа, неофицијално, на граничните премини со Србија и Косово граѓаните биле пропуштани и со стари документи. Информацијата се уште не може официјално да се потврди кај српските власти.

Коментари

Популарно