(Фото) Пејачката ги покажа децата пред концертот, сепак ќерката мистерија за папараците

Пејачката Драгана Мирковиќ го одржа својот прв концерт во Белградска арена, каде што прослави 40 години од својата кариера, ги испеа најголемите хитови, ја собра на едно место половина од естрадата и го покажа синот Марко.

Додека фоторепортерите пред арената, непосредно пред почетокот на првиот од двата концерти на Драгана Мирковиќ, ги фотографираа локалните јавни личности кои дојдоа да ѝ дадат поддршка на својата колешка, на влезот се појави нејзиното семејство – сопругот Тони Бијелиќ и синот Марко. Уште кога децата на популарната пејачка ги направија достапни за јавноста своите профили на Инстаграм, јавноста „побрза“ да ги види Марко и Мануела.

Марко на оваа социјална мрежа објавува фотографии од своите автомобили, како вежба во теретана, а бројните коментари кои се нижат под објавите се претежно од понежниот пол.

Коментари

Популарно