Владимир Блажев од ДНК преку фејсбук информира дека утре во 22 часот завршува лицитацијата на нивната награда Златна бубамара, за хуманитарната помош за лекување на Леонид Индов, чија сума досега достигнала 150.000 илјади евра.

Еден од лицитаторите исплатил 90 илјади евра.
„Другари ЛЕО видно расположен ви испраќа голем поздрав од Виена и ви се заблагодарува на сите вам за безрезервната поддршка која му ја давате изминатиов период, а посебно последнава недела.Да ве потсетам дека лицитацијата на Златната бубамара завршува утре во 22ч, а највисоката понуда до сега изнесува 150.000 денари. Начинот на лицитирањето ви е веќе познат. Ја пишувате сумата во коментар на мојот инстаграм (djshortypofficia) пост или на DNK фан страната на ФБ“, пишува Владимир Блажев.