Натали Портман и Бенџамин Милпје се разведоа по речиси 12 години брак.

Претставник на оскаровката го потврди разводот на актерката и рече дека Портман тивко поднела барање за развод во јули и ја финализирала постапката минатиот месец во Франција.
Пријател на поранешната двојка рече дека Портман пронаоѓа радост во семејството, пријателите и работата. Во јуни минатата година јавноста ја дозна веста дека Натали била изневерена од нејзиниот сопруг.
Имено, француските медиуми тогаш објавија дека Милпје имал афера со активистката за заштита на животната средина Камил Етјен.
„На почетокот ѝ беше навистина тешко, но нејзините пријатели се собраа околу неа и ѝ помогнаа да го преброди најлошото“, изјавил пријател на Натали.
Во февруари, познатата актерка беше прашана за состојбата на нејзиниот брак и рече дека нема желба да придонесе за ужасниот медиумски дискурс околу тоа.
Портман и Милпје имаат две деца: синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6).