До темел изгоре угостителскиот објект, сопственост на државниот правобранител Агрон Речи, лоциран во гратското пазариште, во центарот на Охрид, на булеварот Туристичка.

Се се случило пред 4 часот изутрината. Пожарот се проширил на неколку апартмани на горниот кат. Со брза интервенција на пожарникарските екипи бил брзо локализиран, со што е спречено проширување на пожарот и на други дуќани кои се наоѓаат во пазарот.
Државниот провобранител Агорон Речи не одговара на телефонските повици на Алфа. Јавното обвнителство изврши увид на лице место. Издадени се насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот, соопштуваат од Обвинителство.