Утврден редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Утврден редоследот на кандидатите за претседател на државата и редоследот по кој ќе бидат запишани на изборниот лист.

Стево Пендаровски под број еден, Гордана Силјановска Дафкова 2, Стевчо Јакимовски 3 , Бујар Османи 4 , Билјана Ванковска Цветковска 5, Арбен Таравари 6 и Максим Димитриевскји под реден број 7. Вака ќе изгледа ливчето на кое ќе бидат испишани кандидатите за претседател на државта. Ова е исходот по денешната направена жрепка во ДИК каде претставници на партиите и на кандидати ги извлекоа по овој редослед броевите. Ова се 7 те од вкупно 15 кандидати кои ги обезбедија потребните 10 илјади потписи но и поддршката од своите партии за да ја водат претседателската трка.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски пак посочи дека за сега се се одвива според предвидените рокови иако има и такви кои се поклопуваат за претседателските и парламентарни избори. Во однос на дијаспората посочи дека најмногу македонски државјани се пријавиле за гласање на претседателските избори од Германија, САД, Канада, Австралија а бидејќи бројките за парламентарни не се доволни таму нема да се организира гласање за парламентарните избори.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април оваа година, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори. На 4 април на полноќ ќе започне изборната кампања за претседателските избори, а ќе заврши на 22 април на полноќ.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР годинава со зголемен број набљудувачи ќе ги следи изборните процеси. За време на кампањата и изборниот период во земјата ќе има 320 набљудувачи, од кои 20 долгорочни и 300 краткорочни.

Коментари

Популарно