„Сè уште ја сакам таа жена“: Бред Пит не може да заборави поранешна девојка, а таа не е ниту Анџелина Џоли ниту Џенифер Анистон

Бред Пит отсекогаш важел за миленик на жените и за еден од најпосакуваните мажи во светот.

Покрај успешната кариера во Холивуд, Бред Пит можеше да се пофали и со титулата еден од најубавите мажи на светот, а на неговиот шарм не одолеаја бројни светски убавици.

Популарниот актер уживаше во романсата со филмските ѕвезди Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но кога е во прашање неговиот љубовен живот, познатиот актер ја издвојува врската со актерката Џулиет Луис.

Џулиет и Бред уживаа во романса пред повеќе од три децении. Двојката се запознала во 1990 година на снимањето на заедничкиот филм „Too Young to Die“, а актерката тогаш имала само 17 години. Бред Пит е 10 години постар од Џулиет и во времето кога се запознале имал 27 години, а една деценија разлика не ги спречила на прв поглед да сфатат дека се еден за друг.

Актерската двојка се забавуваше три години, а врската ја прекинаа на почетокот на 1993 година. Години подоцна, кога се навраќаа на љубовната врска, атрактивната бринета изјави дека холивудскиот заводник воопшто „не е во нејзиниот универзум“, додека Бред Пит во повеќе наврати зборуваше во медиумите за одличното време поминато заедно.

„Сè уште ја сакам таа жена. Таа е вистински гениј. Прекрасно си поминав со неа“, изјави Бред Пит во интервју за „Vanity Fair“ и додаде:

„Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува се, а тоа едноставно не е така, нели?’

Во 1993 година, кога се запознаа, Бред Пит и Џулиет Луис снимија уште еден заеднички филм „Калифорнија“.

Во тоа време, додека зборуваше за нејзината романса со Бред, кој веќе уживаше огромна популарност во Холивуд, Џулиет призна дека Бред и се допаѓал како актер уште пред почетокот на нивната љубовна приказна.

„Се запознавме на снимањето на филмот и почнавме да излегуваме кога заврши снимањето. „Веќе ми се допадна како актер и мора да почитуваш некој што е во истото поле како тебе“, изјави тогаш Луис.

„Ние сме во момент во љубов кога едноставно сакаме да се гледаме секој ден и не ни е досадно кога сме еден со друг, па затоа е навистина, навистина убаво. Исто така, можеме да бидеме заедно кога работиме и разговараме за тоа и соработуваме. Сакаме да работиме заедно повторно и повторно и повторно“, ја опиша својата врска со популарниот актер, Џулиет за Лос Анџелес Тајмс.

Години подоцна, актерката повторно се присети на врската со колегата и истакна дека се надева дека Бред Пит ќе ја најде среќата во љубовта, бидејќи искрено го сака.

„Тој воопшто не е во мојот универзум сега. Ми се чини како да била средношколска врска за мене бидејќи тој сега е толку славна личност. Ја гледам оваа личност со која имам малку заедничка историја. Се надевам дека ќе најде среќа затоа што јас навистина го сакав. Тој е многу лојален, добро момче“, изјави Џулиет Луис за медиумите.

Години подоцна, во 2009 година, актерката истакна дека единствената причина зошто луѓето ја прашуваат нешто за Бред Пит е затоа што тој има култен статус во Холивуд.

„Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е толку познат. Ништо не ме прашуваат за мојот поранешен сопруг, иако тоа секако е многу позначајна врска бидејќи сепак бевме во брак“, изјави актерката.

Џулиет Луис беше во брак од 1999 до 2003 година со професионалниот скејтбордер Стив Бур.

Коментари

Популарно