Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.
Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.
Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.
Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.