4 работнички од Непал на возраст од 26 до 29 години му избегале на газдата во Прилеп

Газда во Прилеп пријавил во полиција дека четири работнички од Непал кои работеле во неговата фирма не се вратиле во куќата во која престојувале.

„На 07.04.2024 во 21.57 часот во Полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С.(29), Б.К.П.М.(26), С.С.М.Т.(29) и С.Р.М.(29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од 19 часот на 06.04.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале со во Прилеп“, соопшти СВР Битола.

Коментари

Популарно