Мечка нападнала и каснала 60 годишен маж во атарот на велешкото село Оморани. Настанот се случил додека тој ги напасувал своите крави. Го спасиле неговите кучиња, кои тргнале кон неа и лаејќи ја избркале.
„Од СВР Велес потврдија дека Ц.С.(60) од село Дреновци, прилепско, на полициски службеници од СВР Велес им пријавил дека на планината Мукос, атар на село Оморани, Општина Чашка, додека напасувал крави, бил нападнат и каснат од мечка, која била избркана од неговите кучиња“.
Нема информација за евентуални повреди на мажот или дали е некаде примен во болница.