Фолкерката заедно со сопственикот на кафеаната каде што пеела и целиот бенд завршиле во притвор.
Сека Алексиќ минатиот викенд настапила во клуб во Цирих, по што таа и бендот завршиле во полиција.
Како што раскажала Сека Алексиќ, полицијата дошла на нејзиниот настап во една дискотека во Цирих за да и ги провери работните дозволи, но утврдила дека работните дозволи не се соодветни, па пејачката и членовите на бендот биле приведени да дадат изјави.
– Полицијата дојде на нашиот настап и ги провери работните дозволи, утврди дека не се соодветни. Полицијата ми зеде изјава и му наплати казна на сопственикот за мене и за целиот бенд – изјавила Сека.
Пејачката и бендот поминале осум часа во притвор.
Да потсетиме и пејачката Јана Тодоровиќ минатата година беше приведена на аеродромот во Цирих бидејќи немала работна дозвола.
А пред две години на аеродромот во Германија беше уапсена и Теа Таировиќ, а вистинската причина за нејзиното приведување е наводно тоа што го надминала бројот на дозволени работни часови во таа земја, иако медиумите претходно пишуваа дека е уапсена затоа што претходно кај неа биле пронајдени 70.000 евра.