Почина Роберто Кавали

На 83-годишна возраст денеска почина познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали. Весникот „Кориере дела сера“ објави дека Кавали долго време бил болен.

Во светот на модата, тој стана познат по својот нетривијален, светол стил.

Дизајнерот инаку минатата година доби син кому му го даде името Џорџо по неговиот татко.

„Бебето, кое се роди пред една недела токму овде во Фиренца, е прекрасно и беше навистина емотивно да го видам веднаш по неговото раѓање. Неговото име е Џорџо, како неговиот дедо, татко ми кој беше застрелан од нацистите во Масакрот во Кавриља кога имав четири години“, изјави Роберто за списанието Новела 2000 .

Оваа вест буквално го шокираше светот со оглед на тоа дека Роберто беше 45 години постар од Сандра.

Роберто се забавувал со Сандра од 2008 година, т.е. уште од нејзини 23 години, додека манекенката се грижела за дизајнерот секојдневно во последните години бидејќи имал сериозни здравствени проблеми.

Злобниците шушкаа дека Сандра „му менува пелени“ и дека тој е со неа само за да се грижи за него, но сите беа шокирани кога дознаа дека парот има и дете.

Сандра е родена во Шведска, во светот на модата влезе на само 14 години, а со Роберто Кавали живееше во последните 15 години.

Во 2006 година Сандра беше прогласена за најубава жена во Шведска, додека една година подоцна се појави на насловната страница на познатиот магазин Плејбој.

Коментари

Популарно