(Фото) Пејачката нападната бидејќи ги славеше и Бајрам и Велигден

Пејачката Риалда Карахасановиќ го прослави Бајрам, па покажа како изгледа нејзината празнична трпеза. Риалда истакна дека нејзиното семејство требало да дојде, но дека сепак го прославила празникот со своето момче.

-Требаше да дојде моето семејство од Сараево и да бидеме сите заедно како семејство, но поради деловни обврски тоа за жал не успеавме да го реализираме. Сепак беше убаво, го прославив Бајрам со дечко ми, неговото семејство и пријателите. Во принцип, многу ми се допаѓаат празниците, сакам кога се собира семејството. Се чувствувам задоволно и исполнето и тоа е нешто што е најважно, особено кога се во прашање празниците, истакна Риалда.

Една недела претходно, Риалда го прослави Велигден со своето момче и неговото семејство во Белград, што наиде на осуда во нејзината родна Босна. Имено, кога пејачката објавила дека бојадисува јајца, добила критики од луѓе кои ја окарактеризирале како некоја која „продала вера за вечера“.

Таа беше “нападната“ со низа негативни коментари само затоа што ги прославувала двата празника. Нејзиното момче е Србин, па во коментарите пишуваат дека заради љубов заборавила на верата и слично.

Коментари

Популарно