(Фото) Му плачеше на Саша Поповиќ, тој ја врати во ЅГ – вети дека ќе се појави гола

Милица Костадиновиќ, 17-годишна учесничка во музичката талент шоу програма „Ѕвезде Гранда“ запрепасти многумина со своите предизвикувачки стајлинзи, а откако откако пред 20 дена беше елиминирана од трката за главната награда, имаше што да му порача на Саша Поповиќ, креативниот уредник на овој проект.

– Ох, не се работи за тоа што очекував, веднаш да кажам. Тоа што сум најмлада ме повреди и знам дека можам да направам најмногу од сите овде. Свесна сум за тоа. Некако, сметам дека во нас најмладите треба да вложат најмногу време и простор. Генерално, секогаш се трудам кога е оваа сцена во прашање – низ солзи изјавила Милица за „Гранд“.

– Ова многу ми значи, не е како некоја минлива фаза или станица. Си реков нека биде како што треба. Ако Саша Поповиќ ме врати на натпреварот, ќе дојдам гола. Ете така, просто и едноставно. Ќе докажам дека не е се во пеењето – додала Костадиновиќ.

И синоќа јавноста повторно имаше можност да ја види Костадиновиќ, која очигледно со одлука на Саша Поповиќ беше вратена во шоуто. И повторно во провокативно издание, но далеку од гола како што најави, се појави на сцената. Сепак, таа не задоволи со пеењето, па синоќа повторно беше исфрлена, но сега солзи немаше.

А како тргна Саша Поповиќ може да ја врати и третпат, ако ветувањата на Костадиновиќ се доволно примамливи за да ги залепат гледачите на екраните.

Коментари

Популарно