Популарната двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез која се венчаше пред само две години наводно се разведува.
Актерот веќе се иселил од заедничката куќа која неодамна ја купиле, пренесуваат американските медиуми.
![](/uploads/IMG_4097.jpg)
Според написите во американските портали, еден од проблемите е различниот пристап и начинот на кој се справуваат со славата. Лопез го привлече медиумското внимание, додека Бен се оддалечи од тоа.
Џен и Бен во последно време поминуваат многу време разделени. Исто така, актерот не присуствуваше на Мет Гала со неговата сопруга Лопез и покрај нејзината улога на водителка на настанот.
Популарната двојка првпат почна да се забавува на почетокот на 2000-тите, а само неколку дена пред да се венчаат – се беше откажано.
Тие останаа заедно до јануари 2004 година, кога следеше конечниот крај. На помирување чекаа речиси 20 години, па тоа го направија во 2021 година, а конечно се венчаа во јуни 2022 година.