Карлеуша на гласање облечена во боите на српското знаме

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 града и општини, меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево, како и во повеќето општини во Војводина. Избирачките места се отвораат во 7, а се затвораат во 20 часот.

Јелена Карлеуша ја изврши својата граѓанска должност и се појави на своето избирачко место да гласа за изборната листа што ја избрала.

Пејачката на Дедиње се појави во бел фустан со комбинација на сина и црвена боја, кои го сочинуваат и српското знаме. На главата имаше голема капа и бели очила за сонце.

Коментари

Популарно