Хрватите гласаат на европските избори

Хрватските избирачи денеска по четврти пат гласаат на европските избори.

Во Хрватска во 7 часот беа отворени 6.651 избирачко место, а гласањето ќе трае до 19 часот, до кога е во сила дводневен изборен молк. Првите резултати ќе бидат објавени во 23 часот, а резултатите од излезните анкети во 19 часот.

Нешто повеќе од 3,7 милиони гласачи ќе одлучат кои 12 хрватски претставници ќе ги претставуваат во Европскиот парламент во следните пет години.

На гласачкото ливче има 25 листи со имиња на 300 кандидати. Најголем дел од листите, 23, се партиски. Само двајца се независни, европратеникот Ладислав Илчиќ и инфлуенсерката Нина Скочак.

Коментари

Популарно