27-годишен пешак прегазен на еден скопски булевар

Пешак прегазен на еден скопски булевар. Повреден е тој и совозачот од возилото кое удрило во него. 

Како што соопштија о полицијата, вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од село Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27) од Скопје.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Коментари

Популарно