Сури ќерката на Том Круз заблескала на матурската вечер

Сури Круз изгледала како принцеза на нејзината матурска вечер во Њујорк. Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс очигледно одлично се забавувала додека разговарала со пријателите, а Дејли Мејл открива дека нејзин партнер бил Тоби Коен, исто така матурант и млад музичар во подем.

Тие цело време се држеле за раце, а кога се фотографирале, Коен ја фатил Сури околу половината. Имено, двајцата се познаваат од училишните клупи бидејќи заедно го посетувале средното училиште „ LaGuardia High School of Music & Art and Performing Arts“, кое е специјализирано за визуелни и драмски уметности.

Сури би требало да студира на факултетот за дизајн „Carnegie Mellon“ во Питсбург, а Тоби на престижниот „Berklee College of Music“ во Бостон.

Ќерката на познатите холивудски актери за оваа специјална пригода носела фустан со корсет, со цветен принт и златни детали. Нејзината мајка, Кејти Холмс, не била видена наоколу, како ниту нејзиниот татко Том Круз, кој всушност немаше никаков удел во воспитувањето на Сури со години.

Инаку, познато е дека Том не го добил старателството над ќерката, како и дека бракоразводната парница со која Холмс го добила старателството завршила за само 11 дена. Иако Круз имал право да ја гледа својата ќерка 10 дена секој месец, добро информиран извор тврди дека тој ја одбил оваа можност бидејќи Сури не е скиентолог, а наводно не ја видел ќерката цели 16 години.

Неговата приврзаност кон скиентологијата се наведува како една од причините за таквиот однос. За работите да бидат уште покомплицирани, неодамна се дозна дека познатата наследничка повеќе не го користи презимето на татко ѝ кога се претставува во јавност.

Коментари

Популарно