Утрово пронајдени три тела: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил

По пожарот, пожарникарите пронашле три тела во семејна куќа во населбата Широкача во Сараево. Пожарот кај Широкача траеше со часови, а беше локализиран дури во доцните вечерни часови.

Локалните медиуми јавуваат дека пред пожарот се слушнале истрели, по што припадници на специјалната полиција ја опколиле куќата. Полицијата соопшти дека околу 21 часот и 10 минути имало и експлозија.

Еден час пред пожарот слушнавме врисоци и пукотници од правец на таа куќа. Не знам што точно се случи – изјави жител за порталот Црна-Хроника.

Широкача во еден момент остана без струја. -Истрагата се уште е во тек и се утврдуваат околностите на смртта – изјави за Аваз Азра Бавчиќ, портпарол на Обвинителството на КС.

Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил

Утрово три безживотни тела се пронајдени во опожарена семејна куќа на Широкача во Сараево.

Да потсетиме, синоќа околу 21 часот избувнал пожар во семејна куќа на улицата Жагриќи, а жителите на оваа населба пред пожарот слушнале истрели.

Како што неофицијално дознава Црна-Хроника, се работи за двојно убиство, палење куќа и самоубиство. Маж ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил

Трагедијата се случила во куќата на семејството Чесир.

Коментари

Популарно