Прекини на повеќе локации низ Скопје: Скопските улици ќе останат без струја, но и без вода

ЕВН известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска (четврток), без напојување со електрична енергија ќе останат:

- од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, крак – 15 (општина Кисела Вода);

- од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од ул. Партение Зографски, дел од ул. Востаничка, ул. Димитар Беровски и дел од ул. Црниче (општина Кисела Вода);

- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Народни Херои (општина Кисела Вода);

- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Дамаска (општина Карпош);

- од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од с. Бардовци во близина на училиштето (општина Карпош);

- од 13:30 до 15:00 часот, корисниците од дел ул. Џумајска (општина Карпош).

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека, денеска (четврток):

- Поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф80мм на ул.Александар Бујнов бр.8 во населба Бутел, од 07:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Александар Бујнов, Душко Поповиќ, Пребондова, Томе Пуре и дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел) 

- Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100мм на ул.Ташко Караџа бр. 12 во населба Автокоманда, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Ташко Караџа, Трифун Хаџи Јанев, Христо Ботев и Бапчор (општина Гази Баба)

- Поради отстранување дефект во шахта на вентил од Ф-6/4цола, на ул. Манапо бр. 5, од 08:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Манапо, Струма, Пелистерска, Огражден и Радика (општина Карпош).

Коментари

Популарно