Вчера во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ристо Кавалиновски“ во Битола има лице повредено со огнено оружје. Од страна на увидна екипа од СВР Битола излезено е на местото на настанот при што констатирано е дека Т.С.(74) од Битола, додека ја чистел пушката, се повредил, по што е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, соопшти МВР.