Самопочитта е основа на сè во нашиот живот.
Од неа зависи нашиот успех во кариерата, среќата во љубовта, но и генерално квалитетот на целото живеење.
Можеме да имаме многу различни карактеристики, но самодовербата е она со што ги освојуваме другите.
Ако човек се сака себеси и нема сомнеж во себе, тој зрази со неверојатен шарм. Така, стануваме посреќни бидејќи свесни сме дека можеме да победиме на секое поле, а и да ја освоиме личноста која ни се допаѓа.
Самото држење, смирените гестови, самоуверениот говор – тие се клучни за да ја освоиме секоја личност која ќе ја сретнеме. Ако навистина сме сигурни во себе, присуството на друга личност е неважно за нас. Така оставаме и впечаток дека сме независни, а дека другата личност само нè надополнува. На оваа личност не и се интересни луѓето кои се несигурни во себе и кои играат игри.
Најважно е да се сакаме себеси. Тоа не е секогаш лесно, но може да се научи и да се вежба. Простувајте си, правете го најдоброто за себе и не се споредувајте со никој друг, никогаш.