Младиот Леонид Индов е пациентот кој успешно беше пренесен со хеликоптер од Виена до Скопје

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт.

Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени.

Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација натранспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје, Република Северна Македонија.

Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).

Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, на 6 февруари 2024 година од Скопје, за транспорт на конкретното болно лице, Леонид, до клиниката во Виена, Австрија на лекување.

Коментари

Популарно