Почина младата Сања, мајка на две девојчиња – зборовите кои ги упати пред смртта ја кинат душата

Почина Сања Крстиќ од Смедерево, млада мајка на две деца на која ѝ беше дијагностициран малигнен тумор на грлото на матката, а пријатели и познаници преку социјалните мрежи се збогуваат со оваа жена-лавица.

– Сања, почивај во мир, стои во описот на нејзината фотографија објавена на Фејсбук страницата „Спаси нечиј живот“.

Сања долго време се бореше со кобниот тумор на грлото на матката. Таа беше посветена мајка и не сакаше да се откаже. Иако претрпе неколку операции, болеста повторно и повторно ја врзуваше за болничкиот кревет.

Се бореше за своите деца, по операцијата имала 38 килограми

Како што кажа претходно, ќерките секојдневно ја посетувале во болница, но имало и моменти кога биле разделени, а тоа и било најтешко.

„Затоа се борам, затоа не се откажувам. Знам дека можам се, да газам, да гризам и да се борам за нив“, рекла таа еднаш.

Сања се врати од операција тешка само 38 килограми, а и недостигаа пари за да ја продолжи борбата. За жал, таа не издржа.

Коментари

Популарно